„Комунална хигиена“ – Скопје: Кон вработената која денес предизвика инцидент е отпочната дисциплинска постапка

Од:

На 33 лица кои биле вработени, преку АПВ, во ЈП Комунална хигиена-Скопје кои месеци и години земале плата, а не оделе на работа, денес им завршија договорите и истите не се продолжени, известуваат од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

„Во ЈП Комунална хигиена-Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните.

Истовремено кон вработената во ЈП Комунална хигиена-Скопје која денес предизвика инцидент веќе е отпочната дисциплинска постапка. Работниот процес мора да се одвива професионално и со почит кон секој. Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и медиуми и во иднина нема да се дозволи недолично или несоодветно однесување во Претпријатието, а сѐ во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните“, се наведува во соопштението на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

Орце Костов

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

Советниците на СДСМ бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот

ЗНМ со претставка до МВР заради непрофесионален однос кон новинар од Порталб.мк

Градоначалниците на скопските општини се инфлуенсери: Арсовска им порача да си ги исчистат прво своите населби

Орце Костов