Комунална хигиена продолжува со подигање отпад во три смени секој ден во неделата, вклучувајќи го и Велигден

Од:

Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје информира дека во текот на изминатите 24 часа, нивите екипи собрале и транспортирале речиси 1000 тони комунален отпад од подземните и надземните контејнери на територијата на главниот град. Поучени од минатонеделното искуство и увидувајќи дека отпадот во Скопје не можат да го соберат работејќи само прва смена, од ова јавно претпријатие известуваат дека ќе го вратат стариот начин на работа во три смени, секој ден и во текот на претстојните празници.

-Контејнерите се празнеа во текот на целата ноќ, по што посебни екипи поминуваа да го отстранат и транспортираат отпадот што беше расфрлен во околината на садовите. Изминатата недела, оперативата на ЈП Комунална хигиена-Скопје дејствуваше само во првата смена, но состојбата на терен покажа дека со активности во една смена не е возможно секојдневно да се подигне и транспортира отпадот од речиси 6000 контејнери поставени во сите скопски општини, велат од Комунална хигиена.

Од овие причини, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи да го собира и транспортира комуналниот отпад во градот Скопје со вообичаената динамика – во три смени, секој ден во неделата, а со оваа динамика екипите на ова претпријатие ќе работат и во текот на претстојниот празничен викенд.

-ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира граѓаните дека и отпадот од индивидуалните домаќинства ќе продолжи да го собира со стандардната динамика – два пати во неделата. Во овој период, апелираме граѓаните да се воздржат од одлагање кабаст, градежен и градинарски отпад во садовите, како и во нивната околина, истакнуваат од претпријатието.

Во текот на денешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје во целост ќе ги расчисти и претоварните станици во Вардариште и во Карпош, каде што во текот на изминатата недела беше привремено одлаган комуналниот отпад што поради временскиот лимит Претпријатието не беше во можност веднаш да го транспортира на депонијата Дрисла.

Би можело да ве интересира

Седница на Советот на Град Скопје: Ќе се гласа за вработувања во Комунална хигиена и пренамена на средства за автобуси

Перински: Очајна е состојбата во Град Скопје, донесовме заклучок Арсовска да подготви план и да видиме кои се потребите за решавање на состојбите

Предраг Петровиќ

Тешко повреден е работник на „Комунална хигиена Скопје“

Работниците кои беа отпуштени од Комунална хигиена затоа што не доаѓале на работа, ќе се вратат на работа: Отказите биле незаконски

A1on

ЈП Комунална хигиена – Скопје подигна 1130 тони отпад во текот на изминатите два дена

Советниците на СДСМ бараат вклучување на сите јавни претпријатија за решавање на проблемот со сметот