„Комуналец“ врши генерално чистење и дезинфицирање на градскиот плоштад

Од:

За трите завршни вечери на Струмица опен фестивал ЈПКД „Комуналец“ подигна 146 метри кубни отпад, а денес почна со генерално чистење и дезинфицирање на плоштадот „Гоце Делчев“ и околните улици.

Од комуналното претпријатие информираат дека со специјално средство се врши комплетно чистење и дезинфицирање на целата површина, а апелираат и до граѓаните доколку некои места околу плоштадот случајно не бидат опфатени или пак тие сметаат дека има места каде што треба да се изврши дезинфекција да пријават на телефонскиот број 034 325 909.

За време на одржувањето на фестивалот, екипи на ЈПКД „Комуналец“ вршеа редовно подигање на отпадот и чистење на местата каде што се одржуваа настаните на седмото издание на Струмица опен фестивал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите