Екипи на ЈПКД „Комуналец“ ги крпат ударните дупки по улиците во градот.
Акцијата почна со пополнувањето на дупките на булеварот „Гоце Делчев“ каде се санираа сите прокопи од изведувањето на новото улично осветлување од левата страна кон населеното место Дабиле.
Санирани се и прокопите од складот за дрва на ЈП „Македонски шуми“ подружница Струмица до егејското маало. Пополнети се и дупките на улиците „Младинска“, „11 септември“, „Стив Наумов“, „Герас Цунев“ и дел од „Киро Абрашев“ и „Мара Минанова“.
Од „Комуналец“ велат дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови кога со асфалт ќе се пополнат и дупките на останатите улици во градот, а ќе се интервенира и во населените места.