Комплетиран проектот за обнова на конаците на манастирот Трескавец

Од:

Прилепскиот Завод и музеј го изготви комплетниот проект за обнова на изгорените конаци на манастирот Трескавец и го достави до националниот конзерваторски центар во Скопје.

Според директорот на музејот Гордана Данилоска Спиродка проектот е обемен и комплетиран од 9 основни елементи.

– Проектот е сместен во 36 папки и фасцикли. Готов е во сите негови составни делови.Основниот проект содржи потпроекти за архитектонскиот дел, статиката, за електриката, водоводот и канализацијата, громобранската заштита и противпожарната заштита. Основната конструкција е со бетонски столбови, а ќе се задржи автентичниот изглед на конаците каков што беше во најголемиот сјај на Манастирот, вели Данилоска Спироска.

Обемниот проект каков што одамна не паментат да е изготвен во Музејот и за период од седум месеци од катастрофалниот пожар кој целосно ги уништи манастирските конаци треба да се разгледа во Националниот конзерваторски центар.

– Треба да добиеме позитивен извештај од Центарот. Проектот потоа оди во Управата за заштита на културното наследство и треба да добие конзерваторско одобрение, а потоа се објавува тендерот за изведувач на изградбата. Се надевам дека сите административни работи ќе завршат до средината на октомври кога може да се распише тендерот за изведувач на работите, објаснува Данилоска Спироска.

На празникот Голема Богородица, само една година од поставувањето камен темелник, беше пуштен во употреба патот до манастирот од околу 7,5 километри финансиран од Министерството за транспорт и врски. По изготвувањето на проектот се отвора можноста конкретно да почнат работите за обновата на конаците и се очекува конкретно тоа да почне на пролет.

Во меѓувреме пристигнуваат доброволните прилози од земјава и од Македонците исселени низ целиот светот за да ја помогнат изградбата на конаците на Манастирот кој е светски познат споменик на културата

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски