Компанијата Млечна Индустрија ги отфрла обвинувањата за наводно труење на риби во река Брегалница во Делчево

Од:

Компанијата Млечна Индустрија ги отфрла обвинувањата за наводно труење на риби во река Брегалница во Делчево, откако на социјалните мрежи компанијата е обвинета за наводно труење на животинскиот свет во реката од нивна страна.

Млечна индустрија, како што се вели во соопштението на компанијата, работи согласно законските прописи и обврски, во што се увериле и Републичките инспектори, при последната пријава од страна на СРД „Брегалница” кај надлежните институции.

– Воедно Млечна индустрија сака да ја информира јавноста дека СРД „Брегалница” во повеќе наврати бара спонзорство од нас и бидејки досега нема добиено финансиска помош од нас, се обидува да не „оцрни” на секој можен начин. За сите обвинувања и клевети нашата компанија ќе си превземе правни процеси, истакнуваат од Млечна индустрија.

Компанијата, како што посочуваат, 365 дена во годината работи согласно сите законски обврски,според кои компанијата е под постојан мониторинг на инспекторати, министерства и Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Доколку има било какво повредување на законот, тоа како што додаваат ќе биде соопштено од официјалните претставници на споменатите правни субјекти. Во ниеден крај во државата не се појавува труење на риби предизвикано од млекари. иако многу од нив работат со дупло поголем капацитет од нашиот, додаваат од делчевската Млечна индустрија.

Како одговор на соопштението од Млечна индустрија, од Спортско риболовното друштво „Брегалница“ за случајот велат дека тие не споменуваат имиња за тоа кој е виновник за труењето, туку апелираат сите да го погледнат видеото и фотографиите објавени на нивната фејсбук страна и сами нека оценат од каде доаѓа загадувањето на река Брегалница и труењето на животинскиот свет во речните води.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов