Комитет за имунизација: Вакцините согласно СЗО се транспортираат и чуваат на температура од 2 до 8 степени

Од:

Вакцините се биолошки препарати кои согласно препораките на Светската здравствена организација се транспортираат и чуваат на температура од 2 до 8 степени Целзиусови (потребен студен ланец при транспорт на вакцините). Тоа е потенцирано и во тендерската документација каде од добавувачите задолжително се бара вакцините да бидат транспортирани до здравствените установи на температура од 2 до 8 степени Целзиусови.

Ова се наведува во реакцијата на Комитетот за имунизација при Министерство за здравство, во која ги демантира информациите презентирани во некои медиуми во однос на потребната температура при транспорт и чување на вакцините.

Со години наназад, се посочува во реакцијата, вакцините се транспортираат на оваа температура со задолжителен мерен апарат (логер) за следење на температурата при транспортот.

Исто така и во транспортната листа од производителот за пакетите во кои има спакувано вакцини, меѓу кои и БСГ е точно нотирано да не се замрзнуваат и температурата на чување и транспорт да биде од 2 до 8 степени Целзиусови. Напоменуваме дека станува збор за пратка на вакцини во која освен вакцина за БСГ, се транспуртираат и други вакцини за редовна имунизација на децата, кои се осетливи на смрзнување и задолжително е неопходна температура на транспорт од 2 до 8 степени Целзиусови, стои во реакцијата.

Од Комитетот апелираат стручните аспекти околу вакцините и имунизацијата да се остават на стручните институции, и да не се користат во политички цели.

Би можело да ве интересира

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор

ДУИ: Здравството е сектор кој треба да служи за спасување животи, а не за создавање богатство за фамилијарни кланови

Горан Наумовски

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ