Комисијата за здравство ќе расправа за измените на Законот за здравствена заштита во второ читање

Од:

Преземање здравствени работници од приватните во јавните здравствени установи, ќе се овозможи со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствена заштита во второ читање, по кој денеска ќе расправаат членовите на собраниската Комисија за здравство.

Во измените стои дека здравствен работник со средно, вишо или високо стручно образование или со 180 ЕКТС од областа на медицината (медицински сестри, медицински техничари и радиолошки технолози), кој врши здравствена дејност во приватна здравствена установа, а кој има работно искуство од струката од најмалку три години стекнато во јавна здравствена установа или работно искуство од струката од најмалку седум години стекнато во јавна или приватна здравствена установа која врши болничка здравствена дејност, може да биде преземен во јавна здравствена установа на секундарно и терцијарно ниво, без објавување на оглас, врз основа на писмено барање на директорот во кое е образложена потребата од преземање и писмена согласност на здравствениот работник, директорите, односно директорот на јавната здравствена установа во која треба да биде преземен, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Целта на измените треба е да се обезбеди внатрешна организација на јавните здравствени установи, да се додаде АПТИС како меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик и да се избрише психолошкиот тест и тестот на интегритет за директорите на јавните здравствени установи и директорот на Управата за електронско здравство, да се усогласат условите што треба да ги исполнуваат здравствените работници и здравствените соработници за познавање на еден од трите најчесто користени јазици во ЕУ со Законот за административните службеници, основната плата и делот за успешност да се утврдува согласно колективен договор и да обезбедат здравствени работници со високо образование во јавните здравствени установи за непречено вршење на здравствената дејност и обезбедување на континуирана здравствена заштита.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on