Од Кривичниот суд тукушто излезе Лазар Нанев, претседател на Комисијата на министерството за правда, која треба да утврди дали има неправиности во распределувањето предмети кај одредени судии. Нанев изјави дека и натаму ќе доаѓаат во судот за да ја утврдат фактичката состојба со АКМИС системот за распределба на предмети.
Тој не откри дали се пронајдени неправилности во системот кај првата проверка. Членовите на комисијата од утрово се во Кривичиот суд.
Ова следува откако во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем. Истото беше забележано и во планот 3 – 6 – 9 на владата кој го потврди и министерот за правда, Билен Саљији.