Комесарот Хан на 19. и 20. февруари во Македонија

Од:

Комесарот за соседство и преговори за проширување, Јоханес Хан, на 19-ти и 20-ти идниот месец ќе претстојува во прва официјалнана посета на Република Македонија, откако го наследи Штефан Филе во ресорот, јави дописникот на МИА од Брисел.

Според неговата најава по средбата со македонскиот вицепремиер Фатмир Бесими, дека на почетокот на годинава ќе ја посети Македонија, од канцеларијата на Хан, денеска за МИА потврдија дека првиот човек за проширување на Унијата ќе претстојува два дена во Скопје.

– Можам да ја потврдам оваа посета на комесарот Хан. Но, за агендата при неговата дводневна посета на Македонија, засега не можеме повеќе да говориме, освен дека тој ќе се сретне со политичките лидери на земјата, да се запознае со оние со кои се уште не се сретнал, да дискутира за политичкиот развој, клучните приоритети и за продолжување на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД). Датумот за нов почеток на ХЛАД-от, засега не е потврден и ќе треба да се договори со македонските власти при оваа негова посета на Скопје, истакна портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Како што е познато, јавен став на комесарот Хан и на Еврокомисијата е дека сакаат во Македонија да ја видат опозицијата назад во Парламентот, посебно по успешното ставање во целосна функционалност на албанскиот Парламент.

Една од задачите на еврокомесарот при посетата на нашата змеја ќе биде да ја убеди опозициската СДСМ да се врати во Собранието, со што нема да им штети на евроинтеграциите на земјата, како и да ги почитува институциите на државата, посебно што Парламентот е единствнео место за политичка дебата и дискусија.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

ЕУ ги менува правилата поради Украина и Молдавија

А1он

Орбан: Западот планира да ја ограби Украина под изговор дека сака да ја заштити

Медиуми: Домаќинствата во земјите од ЕУ се предупредени да подготват пакети за преживување

ЕУ ја забрзува трката по минерали – нов повик за рудници, Македонија ќе се усогласува

Предраг Петровиќ