Коментар на Мухамед Зекири: Последното разочарување од ДУИ

Од:

Политика не е секогаш да велиш „ДА“! Во политика треба да знаеш да кажеш и „НЕ“, тогаш кога е потребно. Ја побаравте поддршката од народот, ја добивте како што ја нема добиено ниту една албанска политичка партија во Македонија, освојувајќи над 150 илјади гласови. Ви ја дадоа довербата да го реализирате ветеното! Не ви ја дадоа да потклекнете пред Никола Груевски. Не ви го дадоа гласот за да влезете во владата без политички договор, не ви го дадоа гласот за да ги разочарате нив, не ви го дадоа гласот за да газите врз нивните живи тела, како да не ги забележувате!…

Ви го дадоа гласот верувајки дека ќе го реализирате ветеното, а не ви го дадоа гласот да веруваат на приказните на Никола Груевски како и на ВАШИТЕ, дека за шест месеци ќе сме станале членки на НАТО. И во 2008 година, во сличен коментар ви кажав да немате илузии дека ќе станеме членка на НАТО со Груевски како премиер. Ви кажувам повторни и сега, по шест години. А, што по шест месеци, кога не народот, туку вие од ДУИ, ќе се разочарате? Ќе побарате повторно избори, повторно ќе им ветите на Албанците дека ќе ги интегрирате во НАТО?…

На 27 април излеговте насмеани и среќни објавувајки ја историската победа на ДУИ, за да ни кажете дека сте добиле над 150 илјади гласови. Но, што од сето тоа, кога само после две недели згазивте врз сите нив. Што од сето тоа кога заборавивте зошто ве гласале!?

И во овој мандат не успеавте да го реализирате ветувањето дека една од трите клучни позиции во државата треба да ја води Албанец. Не постигнавте албанскиот јазик да стане офицјален. Не издејствувавте Устани промени за во иднина претседателот да се избира во Собранието… А што всушност постигнавте!?

Освен што осигуравте плати за вашите функционери кои ќе седнат во министерските и директорски фотелји. Зар вреди сето ова? Зар вредеше да ги прокоцкате 153 – те илјади гласови, за да спасите 3 – 4 ваши компомитирани функционери?.. Зар мислите дека од сето ова не се разочарани и вашите најверни симпатизери! Дека не се разочарани и вашите соборци од ОНА! Дека не се разочарани и дел од вашите пратеници од кои побаравте во овие тешки моменти да покажат единство!

Не и не, сите тие се разочарани со овој пазар без договор што го направивте како ДУИ… Немојте да барате алиби ниту кај меѓународната заедница дека тие ви сугерирале да го направите ова што го направивте! Немојте да заборавите дека не ве гласаше меѓународната заедница, туку дека мандатот го добивте од народот.

ДУИ, има една народна српска поговорка ,,Кад је бал, нек буде маскенбал“!!! Признајте го и Иванов како претседател и прославете го поразот на вашата историска победа…

Извор: Алсат-М

 

Би можело да ве интересира

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница