А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Колку туристи има во Охрид годинава?

by А1он28/08/2014 - 13:3729/08/2014 - 09:381301
Share0

Безброј полемики, анализи, изјави и прес – конференции протекоа низ медиумите во однос на тоа дали летната туристичка сезона во Охрид била успешна или не. Официјално ниту Заводот за статистика ниту Општина Охрид немаат податоци за јули и август. Но, она што е забуна за пошироката јавност се бројките кои излегуваат од институциите. Од Одделението за односи со јавност пред неколку дена рекоа дека вкупниот број на туристи заклучно со 30 јуни е зголемен во однос на минатата година.

Добивај вести на вибер

Годинава вкупниот број на туристи во Охрид заклучно со 30 јуни е зголеменза 2,6 % во однос на минатата година.  Бројот на странски гости е зголеменза 6,5 % а бројот на домашни гости е намален за 4, 7% – рекоа од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.

Истите бројки ги кажа и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески на прес – конференцијата заедно со заменик министерот за економија Христијан Делев кога се жалеше на новинарските прилози за Охрид.

Вчера пак, Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид рече дека општината се уште нема официјални податоци за летната сезона туку дека податоците со кои располагаат се заклучно со мај.

Согласно податоците кои ги имаме заклучно со мај имаме вкупно 10,1 % зголемување на бројот на туристи односно 18 % зголемување на странските туристи и 3,1 % намалување на домашните туристи – рече Апостолов.

Наплатата на туристичката такса е помала во однос на минатата година иако бројот на туристи и бројот на ноќевањаспоред официјалните податоци е поголем заклучно со мај. Според Одделението за односи со јавност наплатата била помала за 10% за месеците април, мај и јуни, а според Апостолов за помалку од 1 % за првите шест месеци од годината. По изјавата на Апостолов, Одделението за односи со јавност реагираше и се корегираше околу информациите кои претходно беа пуштени во јавност.

Во врска со бараната информација за податоците од  наплатата на туристичката такса, Ве информираме дека релевантни се информациите кои ги добивте денес од Ѓоко Апостолов од Секторот за туризам и локален економски развој, во форма на изјава.

Недоразбирањето настана заради тоа што Државниот завод за статистика податоците ги добива од Секторот за туризам и локален економски развој и понатака ги обработува и ги доставува со задоцнување – рекоа од кабинетот на градоначалникот.

Сето ова остава можност за сомнеж на реалната состојба со бројот на туристите. Тоа повлекува повеќе прашања што се нејасни за јавноста. Дали официјалните бројки се штелуваат и дали јавноста е запознаена со реалниот број на туристи во најголемото туристичко место во Македонија?

Ф.Ј.

ohridturizam

Би можело да ве интересира

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Предраг Петровиќ20/08/2025 - 17:03

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Горан Наумовски18/08/2025 - 13:49

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Горан Наумовски08/08/2025 - 11:25

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Горан Наумовски10/07/2025 - 14:43

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

Горан Наумовски08/07/2025 - 18:12

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

Горан Наумовски08/07/2025 - 16:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен