Колку „тежат“ Солза и Роза?

Од:

Новите пратенички, Солза Грчева и Роза Топузова Каревска веќе го пријавија својот имот. Солза Грчева има 110.000 евра на девизни книшки, на име на сопругот уште 60.000. Има 625.000 денари како побарување за извршена работа.

На свое име има стан во Скопје од 121 метар квадратен, на име на сопругот уште еден стан во Скопје од 72 метри квадратни. Во Ниќифорово има куќа за одмор.

Семејството има и две возила, Ситроен Саксо и Рено Меган.

Клик за поголема слика

Нејзината колешка Роза Топузова Каревска има стан во Скопје, а нејзиниот сопруг во Прилеп, Опел Астра и околу еден милион и петстотини илјади денари.

Грчева и Топузова Каревска влегоа во Собранието на листите на опозициската коалиција. Не го испочитуваа ставот за враќање на мандатите.

На сајтот на Државната комисија за спречување на комисијата го нема името на Љубица Буралиева.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието