Колева: ДПМНЕ сега има шанса за прв пат да поддржи една стратешка одлука за земјата, членство во ЕУ

Од:

СДСМ заедно со коалициските партнери, прави сè Македонија да продолжи напред по европскиот пат, да бидат спроведени реформите и да ја исполниме стратешката цел: членство во ЕУ. Имаме историска шанса и можеме во тоа да успееме. До 2030 година да стоиме рамо до рамо, до нашите европски партнерски земји како рамноправна членка на Европската Унија рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела Колева.

– Ако сега ја испуштиме оваа шанса следна наскоро нема да добиеме. Само ќе загубиме 10 или 15 години, ќе стоиме во место и во изолација додека регионот напредува. Тоа не смееме да го дозволиме, Северна Македонија нема време за губење, нашите млади македонски генерации немаат време за губење. ДПМНЕ не го поддржаа Договорот од Преспа, не го поддржаа членството во НАТО, не го поддржаа почетокот на преговорите со ЕУ, ниту пак гласањето за Договорот ФРОНТЕКС. Дури и најновата одлука на германскиот Бундестаг не беше поддржана од ДПМНЕ ниту од нивните сестрински партии. Сега ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса да направат државнички потег за прв пат. Откако променија став и не се против уставни измени, ДПМНЕ треба да остане во процесот, да продолжи дијалогот за уставните измени и заедно да ја донесеме одлуката за европска иднина на земјата, вели Колева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“