Колев: Велес ќе има затворен градски пазар, а се обновува и патната инфраструктура, младите добија реконструирани спортски игралишта

Од:

Градоначалникот на Велес, Марко Колев на вечерашната трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ укажа дека има започнато низа на проекти, а оти дел од нив се веќе заокружени.

Како прв проект го посочи е кејот на реката Вардар во Велес.

„20 години ветувања за овој проект и по неколку месеци макотрпна работа почна да се гради кејот од десната страна за да го затвориме тој проект затоа што Велес заслужува да има кеј, треба да бараме поддршка и од ЕУ зошто има подолг потег кој треба да се заокружи“, рече Колев.

Колев се осврна и на градскиот пазар во Велес кој во еден дел е завршен.
„Десет години зборуваме и за пазарот. Во изминатава година се заврши горниот дел, а сега и долниот дел. И Велес ќе има модерен градски пазар“, посочи градоначалникот.
Градоначалникот Колев кажа дека акцент е ставен и на инфраструктурата.

„Работиме на патната инфраструктура, бидејќи беше во многу лоша состојба. Планираме 70 до 80 посто да бидат заокружени и за тоа секогаш има работа. Имаме и неколку улици кои ќе се комплетираат и во наредните недели и месеци. Две улици во многу лоша состојба, а тоа се улиците Ганчо Хаџи Панзов и Орце Шутев“, рече Колев.

Колев информираше дека и сите улици околу пазарот ќе бидат уредени.

„Ќе има уредување на улиците околу градскиот пазар ќе има и нови тротоари. Мене тоа ме исполнува и тоа ќе биде реализирано“, кажа Колев.

Колев се осврна и на спортските игралишта за кои како што рече се многу важни за младите.

„Сега може да се видат неколку терени кои се целосно реконструирани. Продолжуваме да ја подобруваме оваа инфраструктура. Ќе споменам неколку кои се работат или ќе почне да се работа. Денес бевме на терен и планираме да се заврши еден голем спортски комплекс во Тунелот и тоа ќе биде готово за неколку месеци таму има две населби Тунелот и Ќерамидна. Најкултното место Младинскиот парк веќе се реконструира“, информираше Колев.

Би можело да ве интересира

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска