А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Колев: Бугарите во Северна Македонија можат да бидат корисни во дијалогот меѓу Скопје и Софија

by А1он26/07/2021 - 10:4626/07/2021 - 10:53211
Share0

Бугарите, кои живеат во Република Северна Македонија, би можеле да бидат корисни во дијалогот меѓу Софија и Скопје, изјави за БНТ Петар Колев, лидер на Граѓанско демократската унија.

Добивај вести на вибер

Колев додаде дека со нивните конструктивни предлози може да дадат придонес кон решавање на спорот.

-Еден јасен сигнал би бил ако Република Северна Македонија почне рамноправно да ги третира граѓаните на нејзина територија, кои се самоопределуваат како Бугари.

Во Уставот на Република Северна Македонија, додава тој, се набројани народите кои живеат во земјата, но Бугарите не се присутни во највисокиот правен акт.

-Со оглед на тоа што Бугарите не се дел од него, не може да има судија Бугарин или обвинител Бугарин, ниту некој кој ќе биде ангажиран во армијата, како професионален војник. Тоа е едно од основните нарушувања на човековите права во насока на правото на работа и кариера, изјави Колев.

Тој се повика на изјавата на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев дека човековите права на сите граѓани во земјата се почитуваат.

Според Колев бугарскиот претседател Румен Радев е првиот бугарски државник, кој оценил дека искрено треба да биде слушнато мислењето за односите Софија-Скопје и од Бугарите, кои живеат во земјава.

Тој додаде дека Бугарите во Северна Македонија очекуваат промена на Уставот во земјата, како и на законите, но и демократски попис на населението, во кој ниту еден граѓанин нема да биде подложен на репресии, ако се самоопредели како Бугарин.

bugarija-makedonija

Би можело да ве интересира

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Катерина Ѓуровски14/11/2023 - 13:46

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Катерина Ѓуровски03/10/2023 - 10:25

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска15/06/2023 - 13:27

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on26/05/2023 - 09:05

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска25/05/2023 - 11:0425/05/2023 - 13:15

Претседателот Румен Радев врачи бугарски лични документи на Љубчо Георгиевски и Благој Шаторов

Ана Ололовска19/05/2023 - 17:5419/05/2023 - 21:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен