Колективен договор и донесување на измените за извршување санкции, бара Независниот полициски синдикат

Од:

Гранковиот независен синдикат на полицијата бара итно донесување на измените на Законот за извршување санкции, како и потпишување колективен договор со Министерството.

Претставници на Синдикатот денеска, со мирен протест пред Министерството за правда, укажаа на потребата од правилна пресметка на платите, примање нови луѓе во затворската полиција, како и обезбедување унифроми. Воедно изразија незадоволство од работата на директорот на Дирекцијата за извршување санкции Новица Стојановиќ кој, како што рекоа, само ја продолжил праксата на своите претходници.

Ако наскоро Стојановиќ не ги прими на средба и не покаже волја за надминување на проблемите, Синдикатот најави радикализирање на протетсите.

– Имаме проблем со пресметката на платата за вработените, а еве, веќе година дена, никој ништо не презема иако е назначен и нов директор на Дирекцијата. Платата не ни се пресметува според Законот. Ова го потврдуваат и преку 250-те тужби на моите колеги кои поминаа во судовите и сега матичната институција во која сме вработени треба да ни исплати по околу 3.000 евра. Сега почнуваме втората тура тужби, изјави Антонио Стојчевски од Независниот синдикат на затворската полиција и администрација.

Дополнителен проблем е и ограничувањето на дополнителните, прекувремени работни часови до максимум 130 во годината, што го вовеле претходните директори, и за кои на затворската полиција и следуваат слободни смени.

– Се порадувавме дека со смената ќе дојдат подобри денови, но истата работа продолжува. Дури е и полошо. Прво ни ги ограничуваа часовите на 150, а сега се сведени на 130. Не се набавени ниту нови униформи веќе 10 години, а директорот Стојановиќ од февруари годинава тврди дека е во тек тендер за 560 зимски униформи. А што правиме со летните?, дополни Стојчевски.

Со предлог-законот што треба да ја помине собраниската процедура, Стојчевски вели дека се исправени некои неправди.

Би можело да ве интересира

Делчев-Тодев: Внимателно да се изврши поставувањето на раководните позиции во полицијата

Ландов

Чулев: Обвинувањето за набавка на ремени за фантастична сума е неточна информација

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Шестотини полициски приправници бараат униформа и плата

Ана Ололовска

Независниот полициски синдикат бара продолжување на процесот за подобрување на животниот стандард на полицијата

Наум Локоски