Независниот полициски синдикат бара продолжување на процесот за подобрување на животниот стандард на полицијата

Од:

„Бидејќи деновиве и во периодот до 2-ри Август од страна на Владата на Р.Македонија односно Премиерот на Владата на Р.Македонија до Собранието на Р.Македонија на дневен ред ќе биде доставен предлог ребалансот на Буџетот за 2017 година како Синдикат сме должни да Ве потсетиме како наш работодавач и Министер за Внатрешни Работи дека согласно планот за усогласување на платите за 2017 година во Буџетот на РМ беа предвидени две покачувања на платите по 5% и тоа во Мај 2017 година првото и последното тримесечие на годината – второто планирано покачување.

До ден денес а најверојатно како резултат на политичката криза во Р.Македонија првото планирано покачување од 5% не е исплатено. Нашиот став околу ваквиот начин на усогласување беше лично соопштен и на состанокот на 28.06.2017 година кој се одржа во Вашиот кабинет при што јасно ставивме на знаење дека по добивање на репрезентативноста ние како НСП ќе бараме дополнително усогласување не помало од 20% .

Без разлика на овој наш став должност е на секој кој се бори за подобри права на своите работници да упати барање, Вие како Министер да не заборавите уште на самиот старт од мандатот на нас и се надеваме веднаш по изгласување на ребалансот односно со следната плата остварување на првото од планираните две покачувања. Од информациите кои деновиве ги добиваме од медиумите факт е дека буџетот најголемо кратење од 6,2 милиони евра ќе биде намален токму во Министерството за Внатрешни Работи. Дали тоа значи и кратење и на така малите примања, од Вас бараме јасен став и одговор и се надеваме најискрено како Министер за Внатрешни Работи кој вети дека ќе се грижи за вработените и подобрување на нивниот социјален статус пред цела Македонска јавност ќе Ве замолиме немојте овие покачувања да ги сместите во делот на „непродуктивни трошоци“ и потрудете се да покажете дека покрај департизацијата и деполитизацијата во МВР сакате да помогнете и за подобрување на животниот стандард на Полицискиот Службеник“ се вели во соопштението на независниот полициски синдикат.

Би можело да ве интересира

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

МВР: 222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 лишени поради безобѕирно возење

Франција ги менува правилата: Полицијата е невина додека не се докаже спротивното

Пожар во двор и на улица во Габрово – полицијата уапси жител на селото

Горан Наумовски

Скандал во Хрватска: Полицајци имале сексуални односи во службено полициско возило

Предраг Петровиќ

Пронајдено e девојчето кое исчезна во Белград

Горан Наумовски