Коле Штериев е нов претседател на Советот на јавни обвинители

Од:

Нов претседател на Советот на јавни обвинители е Коле Штериев. Тој денеска е избран на седницата на Советот, откако претходно беше прифатена оставката на досегашниот преседател Петар Аневски.

Штериев по изборот рече дека ќе се обиде да ги искористи своите и капацитетите на членовите на Советот и изрази надеж дека ќе успее да ја смениме сликата за оваа институција.

– Може да е претенциозно и преамбициозно да кажам дека ќе успеам во тоа, но дека ќе се обидам тоа е несомнено. Ќе се обидам да ги искористам и моите и капацитетите на членовите на Советот и се надевам дека ќе успееме да ја смениме сликата на Советот, но тоа ќе го кажеме откако ќе го направиме, изјави Штериев.

Најави дека институцијата во иднина ќе биде потранспарентна.

– Делот на впечатоците створени во јавноста дека Советот како да бил во конфликт со СЈО, тоа не се само впечатоци, тоа беше таква состојба. Но, за тоа, да бидам отворен, не можете да ги барате причините само во Советот, туку да не навлегуваме денеска на првиот ден во тоа, рече Штериев.

Обвинителот Штериев доаѓа на местото претседател на Советот на јавни обвинители, откако Петар Аневски во вторникот си поднесе оставка на функцијата, поради лични и семејни причини.

Коле Штериев стана член на Советот на јавни обвинители на РМ пред една година. Претходно работел во Вишото скопско обвинителство.

Би можело да ве интересира

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Не е во ред министерот за правда да го прозива по има обвинителот, вели претседателот на Советот на јавни обвинители

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител