Колбо: Нерешителноста на меѓународната заедница ја спречува Македонија за влез во ЕУ

Од:

Нерешителноста на меѓународната заедница е причина што Македонија се уште не е членка на ЕУ и НАТО, оценува старо-новиот претседател на Германско-македонското друштво во Берлин, социјалдемократот Валтер Колбо.

– Тоа што се’ уште не е членка на ЕУ и НАТО знаеме дека не е вина на Македонија, туку на нерешителноста на меѓународната заедница и прашање е до кога ќе биде така?! Но, кризната ситуација во Парламентот од 24 декември не смее да биде алиби! Јас би кажал дека она што се случи не беше лицето на вистинската Македонија. Тоа беше грешка на сите учесници во инцидентот и не смее да се дозволи поради тоа земјата да остане изолирана од европските процеси, коментира Колбо во интервју за Дојче Веле.

Тој додава дека во изминативе 15 години многу работи се промениле и Македонија покажува дека е кадарна за членство во ЕУ и НАТО, а Германско-македонското друштво со своето лобирање може да помогне да се совладаат пречките кои се на европскиот пат на Македонија.

– Секој член на Германско-македонското друштво е лобист за Македонија. Ова треба уште повеќе да се засили за да се помогне да се совладаат пречките кои се на европскиот пат на Македонија. Би кажал дека германската политика и општество се занимаваат и следат што се случува и со една мала земја каква што е Македонија, но која има големо значење за целиот регион на Западниот Балкан, објаснува Колбо.

Тој посочува оти наспроти амбициите и ангажманот на поединци Друштвото опстана, но не профункционира како препознатлива врска меѓу двете земји. Најавува во иднина подобрување на комуникативната способност, и тоа, како внатре меѓу членството, така и кон надвор со фокус на популарни личности.

– Ова значи дека секој член треба да придонесе, да стане своевидна политичка, економска, културна или спортска врска меѓу двете земји. Покрај луѓето што се добри во бизнисот мора на страна на Друштвото да ги придобиеме и популарните лица од спортот – кошаркари, тенисери, фудбалери, ракометари кои би биле своевиден атрактивен магнет, кој би привлекол што поголем број нови, млади и креативни членови, вели Колбо.

За подобрувањето на внатрешната комуникација меѓу членството, вели, договорени се редовни квартални средби, актуелизирање на нивната веб-страница, како и подготовка на „њуслетер“ со што, според него, би се подобрила целокупната стратегија на делување на Германско-македонското друштво. Колбо е убеден дека соработката може да се засили и на културен план со поединечните иницијативи на уметници, писатели, фотографи.

Германско-македонското друштво е конституирано во Берлин во 2000 година со идеја да претставува своевиден мост меѓу Германија и Македонија на политички, економски, културен, спортски план. Во друштвото во моментов членуваат над 100 лица, од кои 60 проценти се Германци, а 40 отсто се Македонци. Во времето кога Колбо стана прв претседател на Друштвото, тој беше активен во политиката. Беше пратеник во Бундестагот и државен секретар во Сојузното министерство за одбрана (1998-2005).

Во 1999 година, во екот на Косовската криза, Колбо беше и координатор на германската помош и престојуваше во Македонија. Оттогаш па до денес е еден од малубројните Германци со политички бекграунд кои се ангажираат околу Македонија.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он