Колариќ: Скопје станува главна депонија во Македонија

Од:

Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиуми рече дека град Скопје станува главна депонија во Македонија во која треба да се слеваат депониите и од другите градови во државата. Според неа ова е недозволиво и ќе има катастрофално влијание врз животната средина.

– Имено во Скопската депонија Дрисла се транспортира ѓубрето од Тетово, а најново е што од страна на општина Струга е објавен јавен тендер за избор на компании кои ќе постават контејнери и ќе го пренесат сметот од депонијата во Струга. Исто така беше кажано дека за целава активност во игра e депонијата Дрисла, и мислиме дека ова е премногу сериозна работа и дека ова е нешто што не треба да се премолчи, туку напротив треба да се стопира. Имено, ако се земе во предвид фактот дека целосната кампања на градоначалникот Петре Шилегов и ударниот момент од таа кампања за што ја доби довербата на граѓаните на град Скопје беше екологија и чист воздух, за нас ова е вознемирувачко и недоследно за она што се ветуваше и за она сега што се случува, рече Колариќ.

Таа запраша дали градоначалникот Шилегов дал одобрение за одлуката сметот од депонијата Струга да се носи во град Скопје во Дрисла.

– Дали имаат направено анализа какво влијание тоа ќе има врз животната средина? Дали се во прашање приватни бизнис интереси на луѓе блиски до власта кои треба да профитираат од сето ова? Се работи за тони и тони отпад во распаѓање што ќе има катастрофално влијание врз здравјето не само на граѓаните од околината на Дрисла туку и на граѓаните кои живеат во Скопје. Дали носењето на отпад во Скопје е предмет на коалициски договор СДСМ-ДУИ? Скопје не може да стане главна депонија во државата, Шилегов и власта да ја повлечат идејата за транспортирање на отпадот од Струга во Дрисла, рече Колариќ.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место