Колариќ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси?

Од:

„Градоначалникот на Скопје досега потпиша два меморандуми за пробно користење на автобус на гас и автобус на електричен погон, со две странски компании.

Целта на користењето на овие автобуси според објаснувањата на градоначалникот е дека потребно биле да се испитаат техничките карактеристики на автобусите кои подоцна би се набавиле.

Се работи за милионски вредна набавка, а Скопје станува полигон за пробна вожња на автобуси“, вели Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со потпишаните меморандуми се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и дали директно однапред се преудицира во понатамошна постапка доколку има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер.

Како Шилегов потпишува меморандуми за пробно возење кога не знае дали посочените компании ќе победат на евентуален тендер за нови автобуси на гас и електричен погон, или пак доколку е сигурен дека ќе победат дали можеби станува збор за однапред договорена милионска зделка?

Кои се мотивите и дали станува збор за однапред договорена зделка чија вредност е неколку милиони евра. Дали договарањето во 4 очи беше причината поради која владата го укина советот за јавни набавки.

Практично потпишувањето на вакви меморандуми преставува замајување на јавноста и купување на време во отсуство на големи и значајни проекти за Градот Скопје.

Сосема на крај, добро би било Шилегов да објасни и за еден негов личен скандал. Како возилото марка Ауди кое било оштетено МВР тврди дека е негово, а градоначалникот го нема пријавено во анкетниот лист? Се прашуваме кој лаже МВР или градоначалникот Шилегов?“ прашува Светлана Колариќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ