Кој стои зад маската на Субрата Рој?

Од:

По информациите во јавноста дека дел од локалитетот кај Љубаништа ќе оди на јавна лицитација, ќе се одговорат многу прашања кои беа нејасни во минатото околу т.н. луксузен објект кој требаше да го гради индискиот милионер Субрата Рој. Доколку Владата ги прогласи локациите кај Љубаништа за туристички развојни зони и ги даде на лицитација, ќе се стави крај на драмата со фамозниот проект.

Проектот во Љубаништа на индискиот милионер Субрата Рој уште од почетокот го следеа скандали. Од нереалната остварливост на целиот тој луксузен комплекс до опасноста од загадување на живиот свет во Охридското Езеро беа само дел од дебатите во јавноста.

Власта на ВМРО – ДПМНЕ на последните неколку изборни циклуси, еден од главните адути пред граѓаните го промовираше токму проектот на Субрата Рој. Но, откако наводно почнале да се реализираат ветувањата со купувањето на хотелот „Славија“ во Охрид, на најголем дел од работниците во хотелот им престана работниот однос, а по извесно време индиецот беше уапсен во властите во Индија. Оттогаш ниту трага ниту глас на фамозниот луксузен проект во Љубаништа.

За скоро време, со понудата на инвеститор да го купи атрактивното земјиште, јавноста ќе дознае кој всушност се крие зад маската на Субрата Рој. Ќе се одговорат прашањата дали зад целава оваа приказна со Рој се крие некој сосема друг, дали некој близок до власта сака евтино да го земе атрактивното земјиште и да профитира од истото и дали проектот на „Сахара“ беше една од многуте предизборни лаги во трката за што поголем број гласови.

Би можело да ве интересира

Дислоцирани дивите кампери во Љубаништа, со булдожер расчистен теренот

А1он

Охрид: Вработен на гробишта нарачал бехатон плочки за пат до црква, ги однел во својата викендичка

Жарко Настоски

СДСМ: Од помпезно најавуван светски комплекс, денес Љубаништа е симбол на криминалот на Груевски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Љубаништа не ја дава земјата за туристичка зона, утре нов протест

Емир Латифовиќ