Кој и ја даде полициската кабаница на Јанева за да се сокрие од медиумите?

Од:

Катица Јанева во затворот во Шутка не ја носела кабаницата со која синоќа се маскираше пред камерите при нејзиното пренесување од затворот до станот на нејзиниот син каде што ќе биде во домашен притвор. Директорот на КПУ Затвор Скопје – Скопје, Есад Рахиќ на прашањето дали Јанева ја имала кабаницата пред да и биде одреден домашен притвор, кусо одговори дека такви јакни и дуксери со капи, во затворот не се дозволени. Тој вели дека не е нивна одговорност изгледот на Јанева по напуштањето на затворот.

„Нашата одговорност за притвореникот завршува во моментот кога ја напушта капијата. Од кај нас Јанева ја презема МВР и одговорноста е нивна“, изјави за „А1он“ директорот Рахиќ.

Тој го потпишал документот на Јанева по одлуката на Апелацискиот суд, таа се спакувала и полицијата ја преземала.

Извори од затворот велат дека во собата од каде што ја преземала полицијата, Јанева немала на себе кабаница, ниту пак и биле прекриени рацете, па и тие биле изненадени кога преку медиумите виделе дека од комбето излегува целосно маскирана.

Многумина, пак, во прекривката на Јанева препознаа полициска кабаница, која поранешната специјална обвинителка ја ставила на себе во комбето.

Од МВР кусо велат дека ја преземале Јанева онаква каква што им била предадена од затворот и ја пренеле на локацијата за која што добиле наредба. Не коментираа дали кабаницата е полициска.

Јанева синоќа од полициското комбе коешто ја презема од затворот во Шутка излезе облечена во неколку броја поголема јакна со качулка која и го прекриваше целото лице, а завиткани и беа и рацете. Не и се гледаше лицето, ниту пак дали има лисици на рацете.

Апелацискиот суд вчера ценејќи ја здравствената состојба на ексшефицата на СЈО, како и околностите дека за неа е веќе поднесено обвинение донесе одлука таа оди во домашен притвор. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта. Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември.

Би можело да ве интересира

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

Орце Костов

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Јанева: Не знам кога ме снимал Боки, јас снимката ја видов во Обвинителството

Ландов