Кој е ставот на Груевски за Катица Јанева и кога ја зборува вистината?

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е избрана со гласовите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА. Потписот на договорот за нејзин избор го стави и Никола Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ три пати го смени ставот за Јанева. Во интервју за еден портал, Груевски вели дека тие како партија во „ниту еден момент не тргнале да го омаловажуваат и девалвираат Специјалното јавно обвинителство“.

Но само нецел месец претходно, на собирот на жените на ВМРО-ДПМНЕ настапи со друга реторика и со обвинување и омаловажување на обвинителката.

„После оваа лекција која ќе дојде на изборите преку општонародното масовно гласање, ќе помине долго, многу долго време, пред на некој политичар да му падне на ум да се обидува на власт да доаѓа со голема измама, со соработка со странски разузнавачки служби, со соработка со криминалци, со фалсификатори, Чауши, Ванхојтовци, Катици и со продавачи на магла на типови чија главна цел е да ги изрекетираат бизнисмените во нивниот град“, рече Груевски.

Но Груевски за цели 360 степени различно настапи кога се бираше Јанева. Тогаш имаше пофалби за нејзината професионалност и способност.

Како се наближуваше денот кога обвинителството ќе ги обелоденува сознанијата за сторени кривични дела од страна на министри, функционери, партиски луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, така се вжештуваа нападите врз Јанева и нејзиониот тим, но само од страна на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ засега стои настрана.

Кој е ставот на Никола Груевски за Катица Јанева и кога ја зборува вистината?

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он