Бараа да не се меша политика, а сите на контрапротестот кои ја поддржаа владината политика во здравството се длабоко навлезени во политиката, и тоа со припадност на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од нив се приморани да излезат зашто над нив висат судски процеси кои можат да се активираат, дел сакаат да останат директори, а дел чекаат вработување. Поголемиот дел не ни беа лекари, ниту здравствени работници.
Доктор Борче Георгиевски кој „апелираше“ политиката да остане надвор од здравството зад него пред Министерството имаше цела листа на лекари кои можат да се пофалат со партиска припадност во ВМРО-ДПМНЕ.
Еден од нив е Андон Чибишев, директор на Клиниката за Tоксикологија, еден од неколкуте доктори на клиниките кои се примени со просек од студии помaл од 8,00 поточно со просек од 6,7 што го поставува прашањето кај многу негови колеги како му е дозволена академска кариера кога просекот 8,00 е исто така долна граница и за назначување на лекар и за асистент како почетно наставно звање?
Мотив овој директор да ја брани политиката на власта е во позицијата што ја држи, како и приемот на неговата ќерка на Клиниката за гинекологија и акушерство. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.
Николче Николовски, актуелен директор на Клиниката за уво нос и грло, познат по тоа што во негово време од Клиниката заминаа најдобрите македонски оториноларинголози, како академикот Филипче кој замина во пензија, професорот Оравчанец кој отиде во Ремедика, но и доктор Јекиќ која се префрли во Систина.
Еден е од идејните творци на квазисиндикатот „Мајка Тереза“, а мотивот може да се најде во задржувањето на директорската функција. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.
Доктор Горан Мицевски, лекар на Клиниката за уво, нос и грло, претседател на фиктивниот синдикат „Мајка Тереза“, лекарот кој беше обвинет за смртта на едно дете поради негова интервенција пред околу 10 години. Сo судскиот процес не се знае што се случи. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.
Марија Хаџи Лега, актуелен директор на Клиниката за гинекологија и акушерство, позната по тоа што ја породила сопругата на министерот Тодоровски. Мотив да го поддржи плаќањето по учинок има во задржување на позицијата директор, како и вработување на близок член на семејството во јавната администрација. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.
Доктор Александар Шиколе, актуелен директор на Клиниката за нефрлогија, член на синдикатот „Мајка Тереза„“, со пристапница број 3 од вкупниот број на 120 членови. Мотив има во задржување на директорската позиција на Клиниката за нефрологија како и вработуање на неговата ќерка на Клиниката за гинекологија и акушерство. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.
Стоматологот Даштевски, еден од раководителите на синдикатот „Мајка Тереза“, брат на Сашо Даштевски, заменик директорот на Царина во времето на Драган Даравелски и неговата десна рака. Мотив има во задржување на канцеларијата која ја добил од директорите на стоматолошките клиники како благодарност за зачленување во синдикатот „Мајка Тереза“. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.
Аспазија Софија, актуелен директор на Клиниката за Педијатрија, назначена на таа функција откако ги прегледала децата на премиерот Груевски. Мотив има во задржување на директорската позиција . Член е на ВМРО-ДПМНЕ.
Виктор Камиловски, екс директор на Градска Хируршка болница „Свети Наум“ претседател на Советот на општина Аеродром, десна рака на градоначалникот Ивица Коневски. Како директор на градската болница во својот мандат ќе остане забележан како рекордер по изречени и спроведени парични казни на лекари хирурзи во една ЈЗУ, а со тоа дефинитивно ги придобил симпатиите на власта и остварува завидна политичка кариера.. Можеше често да се види на сечењето ленти со премиерот.
Мотив има во задржувањето на местото претседател на Советот на општина Аеродром како и членство во владините комисии и јавни претпријатија од каде остварува приход од преку 200.000 денари месечно. Член е на ВМРО-ДПМНЕ.
Во бел мантил можеше да се забележи и братот на починатиот угостител Љуц, иначе вработен во МВР. Покрај него на контрапротестот присуствуваа уште триесетина негови колеги од МВР, некои со, а повеќето без мантили.
На контрапротестот беа и над 30 медицински сестри, болничари, хигиеничари и чувари и портири, од кои добар дел работат по договор на дело и чекаат вработување. Една медицинска сестра од Нефрлогија се појави на контра-протестот и покрај тоа што е на боледување.