Кои се кандидатите за уставни судии: Климовски, Витларов од едната, Јовески, Скендер предлог од другата страна

Од:

Професорите Саво Климовски, Родна Живковска и Тодор Витларов се дел од предлозите за уставни судии на ВМРО-ДПМНЕ, дознава „А1он“. СДСМ пак ќе ги предложи актуелниот обвинител Љубомир Јовески, правничката Татјана Васиќ и актуелниот судија во Врховен суд, Фатмир Скендер. Сите заедно ќе се борат за испразнетите четири столчиња во Уставниот суд, кој со месеци не може нормално да функционира поради тоа што нема доволно членови, за да се одлучува со мнозинство гласови.

Предложениот професор од ВМРО-ДПМНЕ, Саво Климовски е професор по уставно право. како и трет претседател на Собранието на Македонија. Тој во деведесетите беше и декан на Правниот факултет во Скопје. На изборите во 1998 година Климовски е избран за пратеник како претставник на Демократската Алтернатива, по што од 1998 до 2000 година ја врши функцијата претседател на Собранието на Република Македонија.

Родна Живковска е исто така истакната правничка. Таа е редовен професор на Правниот факултет во Скопје. Предава граѓанско право. Живковска беше избрана за судија во Врховниот суд во 2008 година, а по три дена од изборот, се предомисли и повлече од функцијата. Официјалните причини за оставката на Живковска веа дека тоа го прави од семејни причини, но неофицијално се говореше дека главниот мотив е тоа што не била избрана на претседателското место во Врховниот суд. Син на Родна е Иван Живковски, актуелен претседател на Советот на Општина Кисела Вода. Поради нивната семејна поврзаност, Студентскиот пленум во 2015 година побара нејзино изземање од функцијата претседател на Комисијата за менување на Статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во истиот период, синот на Живковска, беше адвокат на СПУКИМ.

Тодор Витларов е актуелен Виш обвинител во Штип и шеф на јавното обвинителство во овој град. И тој се бори за столче во Уставниот суд. Оваа функција ја извршува од 2013 година. Претходно бил заменик шеф во истото Обвинителство. Од 2008 година па наредните три години бил член на Советот на јавни обвинители. Речиси целата кариера и пред изборот во Советот на обвинители, ја поминал во штипското обвинилство. Автор е на повеќе стручни трудови.

За СДСМ, познато е дека ќе го предложат Љубомир Јовески, актуелен републички обвинител да биде нов уставен судија. Тој од 2015 година е и член на Советот на јавни обвинители. Во својата професионална биографија Јовески има повеќе од 15 години работно искуство како судија на предмети од кривична материја, повеќе од 12 години работно искуство како јавен обвинител и 7 години работно искуство во областа на извршување на кривичните санкции.

Татјана Васиќ е истакната правничка која во нејзината кариера има работено во Министерството за правда, а потоа и во Министерството за здравство. Меѓудругото, во јавноста е познато дека работела и во Катастарот за недвижности. Беше и шеф на кабинет на министерот Никола Тодоров кога тој извршување функција министер за здравство. По неговото заминување, кандидатката за уставен судија се вратила во Министерството за правда, по што била и шеф на кабинет на министерот за здравство Венко Филипче.

За Фатмир Скендер познато е дека работел како секретар во Општина Центар Жупа, потоа во Државниот завод за геодетски работи, па една година и како адвокат. Од 2008 година па наредните пет години повторно се вратил во Центар Жупа. Во 2012 година е избран е за судија во Апелационен суд Скопје, каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. Тој и во моментов ја судиската функција во Кривичниот суд.

Уставниот суд од средина на јануари работи со пет судии, а претседателката Добрила Кацарска апелираше да се изберат нови. Целиот состав вклучува девет судии. Досега се одлагаа низа седници каде треба да се одлучува по иницијативи за важни прашања, а за кои е потребно мнозинство гласови за да се изгласаат.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Уставниот суд уште поактивно да се профилира како заштитник на човековите права и слободи

Kацарска: Волјата на владеењето на правото е посилна од сите системско политички аномалии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Уставен суд го укина делот „националност“ во Законот за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд одлучи: Вработените во Финасии нема да добиваат 30 отсто повисоки плати и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле

Пет иницијативи доставени до Уставниот суд за личните карти, возачките дозволи и пасошите