Коѕиас во јуни ќе ја посети Македонија

Од:

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во јуни ќе го посети Скопје, во рамките на неговата турнеја по главните градови на Западен Балкан.

Ова го јавуваат неколку грчки медиуми, меѓу кои и весникот „Катимерини“, во контекст на вчерашната средба на Коѕиас со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, на маргините на министерски состанок на Северно – атлантскиот Совет на НАТО во Анталија.

Грчкото МНР соопшти дека Коѕиас на средбата изразил длабоко сочувство од грчката Влада за семејствата на жртвите од последната криза во Македонија, „како и загриженост за ситуацијата, истакнувајќи дека мора да надвладее воздржаност, разум и дијалог“.

Двајцата министри разговарале за билатералната соработка меѓу двете земји, како и за прашања од регионален интерес. Тие исто така дискутирале и за можноста за усвојување на мерките за градење доверба, што би можело да придонесе за подобрување на билатералните односи.

По средбата, Коѕиас инфорормирал дека во фокусот на разговорите со Поповски биле посетата што ја планира грчкиот министер на Скопје во јуни, ситуацијата во Македонија, како и промоција на мерките за градење доверба меѓу двете земји.

– Разговаравме за мерките за градење доверба. Ние им дадовме список, и тие ни дадоа нивни список. Има интересни совпаѓања. Разговаравме за тоа процесот да се придвижи напред, да се разработат совпаѓањата и по некое време да ги дискутираме на министерско ниво, изјавил Коѕиас по средбата.

Меѓу другите детали кои се објавуваат за средбата, е и фактот што според „Катимерини“, состанокот меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција бил „приватен, без присуство на дипломатски делегации“.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда