Се радувам што сум тука, се радувам што оваа земја е на излез од политичката криза, како и мојата земја што се наоѓа на излез од финансиска криза. Тоа покажува колку заеднички точки имаме, и јас и Никола треба да бидеме оптимисти, рече по средбата грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас.
-Се радувам што повторно дискутиравме со Никола и продолжуваме да дискутираме. Тоа што го почнавме во Атина, го продолживме со низа телефонски разговори, добра комуникација, дискутиравме за големите теми што не интересираат, за заедничката иднина на нашите земји. Се радувам за позитивните резултати што ги имавме за заедничките мерки за добрососедство, вели Коѕиас.
Грчкиот министер изјави дека обврските меѓу двете држави многу позитиво се развиваат при што најави многу спогодби помеѓу Македонија и Грција, поставување на природен гас, соработка меѓу Универзитетите, Академиите, полицијата.
-Како министер за надворешни работи на Грција се радувам дека нашата политика за неинтервенирање во внатрешните работи во вашата земја испадна соодветна. Во Грција немавме ниту едно објавување за оваа северна пријателска земја, Грција ве поддржува со сите сили стабилноста и суверенитетот. Вашата стабилност ја храни нашата стабилност. Разврските на проблемите со Македонија се одвиваат многу побрзо отколку со било која друга земја, вели Коѕиас.
Тој изјави дека Грција е за стабилност, како внатре во земјата така и во однос со останатите држави, неменување на границите на двете земји, суверенитетот и развојот на цел Западен Балкан.
-Ние длабоко веруваме дека влегувањето на Западен Балкан, особено на вашата пријателска земја во НАТО ќе биде олеснување и за нашиот живот и за развој на целиот регион“, истакна Коѕиас.
На прашањето упатено кон грчкиот министер што може неговата земја да стори во однос на евро-атланските интеграции на Македонија, тој рече дека Грција длабоко го поддржува влезот на сите балкански земји во ЕУ и НАТО и дека тоа не треба да го докажуваат бидејќи исто така во нивен интерес Македонија и останатите земји да имаат успешни интеграции.
Виктор Јованов