Коѕиас: Постојат услови за решавање на проблемот со името, но потребен е компромис

Од:

Во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ, грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас изјави дека спорот за името мора да се реши со компромис.

– Она што ни е потребно е ПЈРМ да покаже култура на консензус и компромис што значи дека ниту ние ниту тие ќе добијат се. Мора да најдеме компромис кој е прифатлив за двете страни и ќе го издржи тестот на времето, вели Коѕиас.

Тој одби да сподели детали за прашањата кои се елементи на преговорите, а оцени дека е добро што ниту Нимиц, ниту раководството во Скопје немаат ставено предлог на маса. Коѕиас останува на ставот дека не е можен влез на Македонија во НАТО под привремената референца.

Во врска со изјавата на лидерот на Независни Грци, Каменос, кој кажа дека нема да се согласи на име во кое се содржи зборот Македонија, Коѕиас одговори дека секој има право на свое мислење, но верува дека во грчкиот парламент е потребно и постои мнозинство пратеници, а не мнозинство партии за евентуалниот договор за името.

– Ние сме Влада која е тука за да решава прашања. Ако начинот на кој ги решаваме е во согласност со долгорочните интереси на земјата, интересите на регионот и е во европски дух, ние тоа треба да го направиме, вели Коѕиас.

Постојат одредени услови кои покажуваат дека може да се постигне решение за спорот со името во 2018 година, повтори Коѕиас. Тој смета дека нема причина да се одлага решението, а одговорност на владата е да најде прозорец на можности за решавање на овој проблем бидејќи земјата не смее да биде заложник на минатот.

– Оние кои не критикуваат или не гледаат со сомневање бидејќи сакаме да го решиме проблемот мора да сфатат дека ќе беше многу подобро за земјата ако тоа беше постигнато во 1992 година. Не повикуваат истите оние кои не ја презедоа својата историска одговорност да го решат прашањето, бидејќи не биле одлучни, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски