А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Коцијанчиќ: Новинарите треба да работат непречено

by А1он07/02/2019 - 11:31224
Share0

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич, ги потсетува сите политички актери во Македонија дека слободата на медиумите и новинарите е од посебна важност за ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Европската Комисија, преку портпаролката Маја Коцијанчич, реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство. Во двата случаи се формулирани закани за “правни последици“ кон медиуми за начинот на известување. Европската Комисија, која редовно ги следи настаните во земјата во пресрет на одлуката за старт на преговори со Македонија, потсетува дека ЕУ “и дава посебна важност на слободата на медиумите“.

-Нашиот извештај во 2018 истакна дека иако постои подобрување на медиумската клима, нулта толеранција треба да има за физичко и вербално вознемирување, како и закани кон новинарите, вели за МИА Маја Коцијанчич

Таа додаде дека за Европската Унија е многу важно новинарите да можат да си ја извршуваат задачата во атмосфера која им овозможува да работат.

Портпаролката на ЕК за МИА исто така додаде дека Унијата очекува сите наводи за можна злоупотреба на јавни фондови да бидат предмет на истрага од страна на надлежните тела, алудирајќи на случајот со непрефрлените средства во вториот пензиски столб, за кој говореше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

EKmediuminovinari

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Горан Наумовски30/01/2026 - 13:41

Меѓународна федерација на новинари: 128 новинари и медиумски работници убиени низ целиот свет во 2025 година

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:45

Онлајнмедиа.мк: СДСМ треба да престане да им се заканува на медиумите

Горан Наумовски18/12/2025 - 21:4118/12/2025 - 21:45

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

Горан Наумовски03/12/2025 - 14:13

Пентагон воведува строги ограничувања за новинарите

Горан Наумовски21/09/2025 - 19:58

Мицкоски: Дезинформациите и неоснованите критики се најголем предизвик денеска за медиумската сцена и самата демократија

Горан Наумовски03/09/2025 - 10:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен