Коцијанчич за Макфакс: На СЈО мора да му се дадат услови и време да ја заврши својата работа

Од:

На Специјалното јавно обвинителство (СЈО) мора да му се обезбедат услови и време за да ја заврши својата важна работа, изјави портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич за Макфакс, додавајќи дека ова тело е важен дел од Пржинскиот договор.

„Специјалното јавно обвинителство е важен дел од Пржинскиот договор и мора да му се дадат услови и време неопходни за тоа да ја заврши својата важна работа“, изјави Коцијанчич за Макфакс.

Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски претходно во интервју за „Дневник“, пак, порача дека неговата партија нема да даде поддршка за продолжувањето на мандатот на Специјалното јавно обвинителство поради тоа што, како што вели „очигледно е дека СЈО работи под сугестија на некои амбасади и дека некому надвор му треба СЈО за продолжување на кризата во Македонија“.

Коцијачич додава дека ЕУ сега се надева на брзо формирање на нова широка влада и на нејзината програма, како и дека „имплементацијата на Пржинскиот договор и Итните рефорски приоритети се од огромно значење“.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски во понеделникот од страна на претседателот Ѓорге Иванов го доби мандатот за состав на нова влада и сега има рок од 20 дена за до Собранието да поднесе програма и предлог-состав на владата. На предвремените парламентарни избори кои беа одржани на 11-ти декември минатата година, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички мандат, СДСМ – 49, ДУИ – 10, Движењето Беса 5, и Алијансата за Албанците и ДПА освоија по два мандати.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ