Коцијанчич: Немам информација дека Ештон ќе ја посети Македонија

Од:

Во моментов немам информација дека Високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, идната недела ќе го посети Скопје.

Ова е одговорот на Маја Коцијанчич, портпарол на Ештон, на прашањето на дописникот на МИА од Брисел во однос на шпекулациите дека првата дама за меѓународна политика на ЕУ во рамки на нејзината интензивна дипломатска активност на релација Белград – Приштина, идната недела би можела да пристигне и во Скопје.

Коцијанчич не ја потврдува, ниту ја исклучува ваквата можност туку само вели дека таа како гласноговорник на британската баронеса нема таква информација. Исто така, портпаролката одбива да коментира и кој што би била целта на таквата посета на Ештон на Македонија, што би била прва откако таа стана прв европски дипломат пред четири години.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија