Кочанско: Син ѝ се заканувал на сопствената мајка дека ќе ја запали сосе родната куќа

Од:

40-годишен жител на кочанско село ѝ се заканувал на сопствената мајка дека ќе ја убие и ќе ја запали куќата, соопшти полицијата.

„На 21.03.2021 во 15.00 часот во Полициската станица Кочани, 63 годишна жена пријавила дека на 20.03.2021 околу 22.30 и околу 12.00 часот на 21.03.2020, во семејниот дом во кочанско село, од страна на нејзиниот син З.В.(40) и биле упатувани закани дека ќе посегне по нејзиниот живот и ќе ја запали куќата,“ се вели во полициското соопштение.

Полицајци од Кочани го лишиле од слобода З.В и против него по комплетирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија