Кочанските пожарникари лани имале 285 интервенции

Од:

Вкупно 285 излегувања на терен за гасење пожари и за технички интервенции имала Територијалната противпожарна единица од Кочани во текот на минатата година, што е за околу 20 отсто повеќе во однос на претходниот период.

Најголем број од интервенциите, односно 253 биле за гасење оган на отворен простор и запалени шуми, при што била опожарена површина од над 476 хектари, што е на слично ниво со претходниот едногодишен период.

– Освен на отворено, нашите екипи гасеа пожари и кај 67 запалени објекти, а во 11 случаи интервенираа кај запалени патнички моторни возила. Покрај тоа, имавме 19 технички интервенции во асистенција при извлекување повредени во сообраќајни несреќи, помош при поплави и слични случаи, истакна командирот на Проитивпожарната единица од Кочани, Благој Паунов.

Интервенциите биле на територијата на општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево, со оглед што согласно Законот за пожарникарство, кочанските пожарникари имаат надлежност да го покријат нивниот терен.

Исто така, ТППЕ – Кочани во пет случаи им давала помош во опрема и кадар и на противпожарните единици од општините Виница, Македонска Каменица и Делчево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот