(ВИДЕО) Кочанскиот градоначалник: Ситуацијата е далеку од смирена, не знаеме од каде ќе избувне

Од:

„Не знаеме од каде ќе избувне, но ја смируваме ситуацијата“. Вака градоначалникот Николчо Илијев ја опишува ситуацијата во Кочани, по страотниот пожар кој го зафати градот. Тој потврди дека зафатени се повеќе куќи, но не сакаше да коментира дали меѓу нив е и неговата, потенцирајќи дека тоа сега е најмалку важно. За гаснење на пожарите ќе се вклучат и противпожарни единици од соседни општини.

„Ја смируваме ситуацијата, иако е далеку од смирена. Очекувам поддршка од соседните општини која е на пат. Тогаш ќе имаме друга слика, се надевам до вечер ќе го ставиме пожарот под контрола. Засега имам инфомрација да се зафатени два крова на куќи во една населба, но можеби има и други опожарени“, вели Илијев за „А1он“.

На прашање дали пожарот се спушта и кон базата на „Макпетрол“, Илијев вели дека тој страв е надминат, а пожарот пренасочен на другата страна.

„Сега веќе не е така. Беше така денеска. Го вративме од таму кон градот. Не знаеме каде ќе избувне“, додава Илијев.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно

(ВИДЕО) Инсталацијата „63 бели столчиња“ во чест на загинатите во трагедијата во Кочани

Горан Наумовски