Кочански крадец фатен на дело во Штип, со алат пробувал да обие продавница

Од:

40-годишен крадец од Кочани рано утрово е фатен на дело како се обидува насила да влезе во продавница во Штип, соопшти полицијата.

„На 19.07.2021, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода Џ.А.(40) од Кочани, бидејќи околу 02.40 часот бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“, односно додека се обидувал со употреба на сила и алат да влезе во продажен објект на ул.„Енгелсова“ во Штип“, се вели во соопштението од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Џ.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он