Кочани: СДСМ и коалицијата со мнозинство во Советот на општината

Од:

Општинската изборна Комисија на Кочани ги објави резултатите по првиот круг на локалните избори за советници, со што е познат новиот состав на Советот на општина Кочани што го сочинуваат 19 советници.

– Мнозинството во Советот на општина Кочани ќе го има СДСМ и коалицијата Живот во Македонија, кои според постигнатиот резултат од 10.570 гласа освоија десет советнички места. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија 7.960 гласа и осум советнички места, информира Марија Гоцева, претседател на ОИК на Кочани.

Во новиот Совет на општина Кочани, според Гоцева, едно советничко место освои независната листа предводена од Венко Крстевски, која на локалните избори освои 1.314 гласови.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ