Во Полициската станица во Кочани синоќа во 21 часот, од Медицинскиот центар е пријавено дека бил донесен А.К.(39) од Кочани со повреди на главата.
МВР денеска соопшти дека истиот ден во село Оризари, А.К. бил физички нападнат од страна на А.П.(31) од Кочани, кој со дрвена палка го удрил во главата, нанесувајќи му тешка телесна повреда.
Причина за нападот е претходно меѓусебно недоразбирање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.