Дваесет и седумгодишен кочанец ноќеска со автомобил излетал од патот и удрли во излогот на бутик во Кочани.
Како што соопшти МВР, 10 минути по полноќ пријавено е дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани се случила сообраќајна незгода во која Д.А. управувајќи автомобил „Ауди А3“ со кочански регистарски ознаки излетал од патот и удрил во трговски објект-бутик. Возачот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во ЈЗУ-Кочани е пренесен во Ургентниот центар во Скопје за понатамошно лекување.
Увид местото на настанот извршила екипа од ПС-Кочани.