Нов случај на насилство во Кочани. Две момчиња за малку ќе прегазеа свој сограѓанин, а наместо да му се извинат, откако тој ги опоменал, го претепале. Момчињата се возеле со веспа низ градот и малку фалело да го удрат 49-годишниот човек.
Откако овој видно исплашен им забележал дека треба повнимателно да возат, момчињата се симнале од веспата и го искршиле од ќотек. Го удирале со клоци и тупаници, а човекот од разбеснетите момчиња го спасиле случајни минувачи кои повикале полиција.
Насилниците раскрварениот човек го оставиле на улица. Натепаниот прво бил пренесен во кочанската болница, но поради сериозноста на повредите завршил на скопските клиники. Граѓаните се повеќе се загрижени, наместо да здивнат по „Детонатор“, Кочани и понатаму е на првите страници по црната хроника.
„Градот воопшто не е безбеден, јас не знам што е. Немачката ли е во прашање. Но само на тепање мислат.
-Тоа воопшто не е добро. Му го руши угледот на градот“ велат кочанчани.
Последниот настан е само дел од низата инциденти кои последниве месеци го тресат Кочани. Пред неколку дена, лути граѓани претепаа вработени во Центарот за социјална работа во Кочани. Старци се раскусуруваа со метални шипки, а нивен врсник, 62-годишен, 15-годишно момче.