Кочанчани на 15 октомври на референдум за населување бегалци и мигранти

Од:

Советот на општина Кочани денеска ја објави одлуката за распишување референдум за подрачјето на општината заради изјаснување на граѓаните околу овозможувањето услови за населување на бегалци и мигранти на територија на Кочани.

На референдумот на локално ниво, граѓаните на Општина Кочани ќе се произнесат по однос прашањето: Дали сте за населување и интеграција на мигранти на територија на општина Кочани?

Изјаснувањето по референдумското прашање се спроведува со цел граѓаните на општина Кочани да одлучат дали треба да се овозможат услови за населување на бегалци и мигранти на територијата на општина Кочани. Одлуката за референдум се смета за донесена доколку за неа гласале мнозинство од вкупниот број гласачи што гласале, но само доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список на општина Кочани.

Доколку на референдумот граѓаните на општина Кочани се изјаснат против овозможувањето услови за населување бегалци и мигранти на територијата на општината, Советот на Општина Кочани ќе ги извести надлежните државни органи за донесената одлука.

Референдумот ќе се одржи на 15 следниот месец од седум до 19 часот. Ќе го спроведе Општинската изборна комисија – Кочани и избирачките одбори. Средствата за спроведување на референдумот ќе се обезбедат од Буџетот на општина Кочани за 2017 година, во висина од 500.000 денари.

Би можело да ве интересира

Екс-директор, двајца вработени и поранешен вработен во „Водовод“ – Кочани ќе одговараат за злоупотреба

А1он

Сведоштва за пожарот и последиците во „Пулс“, судењето продолжува на 2 февруари

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип