Коце Трајановски во обиколка на училиште каде се реконструираат санитарните јазли

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, го посети средното училиште на Град Скопје „Цветан Димов“ каде што е во тек реконструкцијата на санитарните јазли во училиштето.

– Градот Скопје како и изминатите години, во текот на летниот распуст врши реконструкција на средните училишта за да ги подобри условите за работа. Ова лето градежни работи според планираната динамика веќе се одвиваат во 16 средни училишта, а Град Скопје за реализација на овој проект од буџетот издвои 22.326.063 денари.

Во СУГС „Цветан Димов“ се реконструираат санитарните јазли и се санираат дефекти на фекалната канализација. Комплетно ќе се реновираат фекалната канализација и санатарните јазли на приземјето и на првиот кат на училиштето. За овој зафат Градот Скопје од буџетот издвои околу милион денари.

Паралелно со санитарните јазли во училиштето се врши и доопремување на кабинетите коишто ќе ги користат учениците од медицинската струка. Во изминатите години во ова средно училиште беше заменета столаријата и покривот на објектот.

Градот Скопје од 2009 година до 2015 година за реконструкција и санација на средните училишта од Буџетот има издвоено околу 227 милиони денари, и со тоа значително ги подобривме функционалноста и изгледот на училишните објекти– истакна градоначалникот Трајановски.

Директорот на СУГС „Цветан Димов“, Бесник Ајет, се заблагодари за поддршката што ја добиваат од Градот Скопје и нагласи дека со овие градежни зафати ќе се подобрат условите за работа во училиштето, информираат од Град Скопје.

Според планот за работа во текот на летниот распуст во СУГС, Георги Димитров“ се реконструира фасада на училиштето, СУГС „Никола Карев“ се реконструира фискултурната сала; во СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ се реконструира подот во фискултурната сала; во СУГС „Јосип Броз-Тито“ се заменува внатрешната столарија; во СУГС „Орце Николов“ се работи на реконструкција на санитарните јазли; во СУГС„ Васил Антевски Дрен“ се работи на реконструкција на прозорците; во СУГС „Марија Склодовска Кири“ се врши реконструкција на подот во училниците; во СУГС „Димитар Влахов“ се врши реконструкција на спортски терен; во СУГС „Браќа Миладиновци“ се работи на реконструкција на дворната површина во училиштето; во СУГС „Боро Петрушевски“ се заменува стариот покрив со ребраст лим на помошен објект- работилница; во СУГС „Зеф Љуш Марку“ се врши санација на покривот; а во СУГС „Арсени Јовков“, СУГС „8 Септември“, СУГС „Здравко Цветковски“ и во СУГС „Лазар Танев“ се реконструираат подовите во училиштата, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

СДСМ: Скандали го тресат и ЈПДП, партиските шерифи на Коце и ДПМНЕ не плаќаат патарина

Горан Наумовски

СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

A1on

Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта

Катерина Ѓуровски

Трајановски: Престанете да ја дефокусирате јавноста и ставете го Штабот за заштита и спасување на град Скопје во мобилна состојба

Предраг Петровиќ

Град Скопје покрена постапка до Антикорупциска за Коце Трајановски

Ана Ололовска