Коце Трајановски: Немам никаков удел во процесот за Водно

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, негира дека има удел во процесот со кој врвот на ВМРО-ДПМНЕ наводно се стекнал со повеќе атрактивни парцели на Водно со вкупна површина од околу 15.000 м2.

Трајановски посочува дека она што е во надлежност на Градот било донесено во транспарентна постапка во која учество имала и јавноста.

– Прво би сакал да кажам дека се неточни искажувањата кои се дадени. Градот на еден крајно транспарентен начин го донесе Генералниот урбанистички план. Претходниот беше донесен во 2002 година, овој е 2012 година. ГУП-от е донесен во соработка со сите десет општини во Градот Скопје, во соработка со невладини организации, со стручни и научни институции, така да имаше една огромна транспарентност во донесувањето на тој план – изјави градоначалникот денеска на новинарско прашање „како помогнал владините функционери од ВМРО-ДПМНЕ да се стекнат со посакуваните парцели на Водно.“

Периодот кога се менувал ГУП-от се поклопува со оној кога наводно се воделе разговорите. Упатените велат дека за да се овозможи изградба на нови станбени објекти во зеленилото на Водно, прво во Генералниот урбанистички план морало да биде поместена границата така што би се дозволило градежната експанзија да се шири кон зелената површина.

По тој чекор претстои промена на Детален урбанистички план, дооформување на парцели и вцртување на нови маркички. Тоа беше постигнато на седница на Општина Центар во јули минатата година, кога советничката група на ВМРО-ДПМНЕ изгласа промена на три урбанстички планови. Во снимките кои ги објави СДСМ, името на градоначалникот се спомнува во контекст на документацијата што треба да се сработи за врвот на ВМРО-ДПМНЕ да се стекне се посакуваниот имот на Водно. Според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, првиот разговор е меѓу министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и премиерот, Никола Груевски.

МЈ: Ало? Ало?
НГ: Ало?
МЈ: Да?
НГ: Миле?
МЈ: Ало?
НГ: Да не си легна?
МЈ: Не,не, не читам весници.
НГ: А бе. Шо има ново?
МЈ: Ништо. Проверив ова денес.
НГ: Аха.
МЈ: Значи мора промена на ГУП, па ДУП. Шо вака че одземи доста време.
НГ: Аа, ах. А сега у оваа фаза не може ГУП да се смени?
МЈ: Па ГУП нели Коце го менува тоа, некаде крај на октомври че фати.
НГ: Добро бе, ако ми е тоа решение, јас ќе си искомбинирам, сфаќаш?
МЈ: Со тоа…не е лошо да ми кажите колку, па …ја вака, овие што се помоќните ќе му кажам дека некој ми кажал, без да навлегувам многу
НГ: Колку цена? 400 било прашав.
МЈ: Добро. НГ: 400 евра од квадрат, со вклучени-платени комуналии и проект. Името на градоначалникот се споменува во уште еден разговор од десетата бомба на опозицијата.
НГ: Е. Е сега треба ДУП. Ааа…Александар го имал подготвено ДУП-от
МЈ: Знам.
НГ: Ама нешто коментирал ли, он ли, друг ли, не знам. Дека додека не се заврши картирањето, не може да го пушти. Јас зборев со Коце. Коце вика нема врска, може да се пушти. И Гордана беше, и Коце беше, може да се пушти веднаш. Иако, не е картирањето завршено. Оти картирањето ќе ги фати до Нова Година. Па сакав да те замолам, да ја превемеш ти работава, и да ја буткаш. Со Александар контактира Алек, да знаеш, за тоа.
МЈ: Добро. Во одговорот на новинарското прашање градоначалникот се задржа на начинот на кој бил донесен ГУП-от и јавните расправи кои се одржале по тој повод.

На прашањето „Станува збор за две локации на Водно кои со ГУП-от се проширени и дооформени со цел да се задоволат нечии бизнис интереси, дали сте учествувале во ова извршување“. тој одговори:

– Јас ви одговорив за прашањето за ГУП-от, значи тоа е надлежноста на Градот Скопје – рече тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он