Коцарев: Во 2020 МАНУ ќе се посвети на најгорливите прашања, ќе ја хармонизира и соработката со БАН

Од:

Во согласност со предизвиците на новото време, активностите на Академијата во 2020 година ќе бидат насочени што е можно повеќе кон изработка на научно фундирани документи за најгорливите прашања поврзани со сегашноста и со иднината на Македонија, а кои ќе бидат корисни и за креаторите на политиките, истакна во своето излагање на редовното годишно собрание на МАНУ нејзиниот претседател, академик Љупчо Коцарев, кој на почетокот на годинава го почна четиригодишниот мандат.

Меѓу тие прашања, рече Коцарев, „се и климатските промени, демографијата, урбанизацијата, економскиот раст, потрошувачката на енергија, геополитичките прашања за кои се навестуваат нови аспекти и тенденции во светот“.

Во однос на релациите со други академии, првиот човек на МАНУ истакна дека ќе бидат посветени на хармонизирање на соработката со Бугарската академија на науките (БАН).

„Без разлика на недоразбирањата што ги имаме со БАН во 2019, МАНУ во 2020-та ќе ги преземе неопходните чекори – иницијативи, дијалог, приоритети, проекти, за да се хармонизира соработката со БАН, но и да се продлабочи соработката со другите академии во соседните држави, истакна Коцарев, соопштувајќи дека од вкупниот број на научноистражувачки проекти на МАНУ во оваа година, 30 се билатерални, односно ќе се реализираат токму во соработка со БАН, САНУ и со Унгарската академија на науките. Осум проекти се меѓународни и финансирани од европските фондови и од други меѓународни институции и фондации“, соопшти Коцарев.

Во фокусот на активностите на МАНУ, како што рече тој, ќе бидат и прашањата и проблемите на евроатлантскиот интеграциски процес на земјава и во таа насока Академијата годинава ќе ја интензивира соработката со Секретаријатот за европски прашања и со други владини ресори и тела со цел активно да учествува во давање сугестии, забелешки и предлози при конципирањето и подигањето на квалитетот на документите кои се од посебно значење за развојот на земјата, а во тие рамки и за евроатлантскиот интеграциски процес.

Би можело да ве интересира

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Меџити: Со новата медицинска опрема во МАНУ резултатите готови за еден ден

Академик Живко Попов нов претседател на МАНУ

Промоција на монографијата „Газанфер Бајрам“

Ана Ололовска

Сè уште трае штрајкот на вработените во Секретаријатот и во стручните единици на МАНУ

Ана Ололовска