Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино

Од:

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до Државната изборна комисија (ДИК) за прегласувањето на Изборното место 2101 во село Ларце во Општина Желино, потврдуваат за МИА од ДИК.

Други приговори за прегласувањето на 22 мај во седум изборни места во петата и шестата изборна единица до ДИК нема пристигнато.

ДИК е должна да донесе одлука во рок од 72 часа по приемот на приговорот. На решението од ДИК кандидатите имаат право на тужба до Управниот суд кој, пак треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.

По прегласувањето во избирачко место 2101 во Ларце, Желино, Коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник во однос на резултатите од 8 мај, додека Коалицијата „Вреди“ доби еден пратенички мандат.

Според првичните резултати по прегласувањето во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 на Парламентарните избори 2024 Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува со 58 пратенички мандати, додека Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ загуби еден пратеник и има 18 пратенички мандати, исто колку и Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ. Коалицијата „Вреди“ по прегласувањето доби еден пратеник повеќе и сега има 14, додека Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица остануваат со по шест пратенички мандати.

Би можело да ве интересира

Европски фронт поднесе интерпелација за претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски

Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите

Пратеници од Европски фронт ќе се приклучат на ВРЕДИ, Меџити не потврдува дали е тоа крилото на Села

Катерина Ѓуровски

Имаат скоро 80 пратеници, но тие воспоставиле коалиција меѓу мајсторот и чиракот, вели Мурати од Европски Фронт

Ахмети: Го цениме потегот на Таравари, тој брзо сфати тека оваа влада е антиалбанска

Пратеници од „Европски фронт“ поднесоа иницијатива за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани