Коалиција за сексуални и здравствени права: МВР да ги казни насилниците

Од:

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“е загрижена за повеќекратното насилство и говор на омраза, кое се случува последнава седмица.

Коалицијата која е под постојани закани во последниов период, упати барање во МВР да ги пронајде и казни поттикнувачите на кривичните дела насилство. Се работи за поддржувачите на „Контра геј парадата“ кои брутално претепаа малолетник пред споменикот на цар Самоил, лицата кои го нападнаа ЛГБТ центарот, како и насилниците кои го каменуваа домот на актерот Петар Стојковиќ.

Во соопштението се вели дека освен информацијата за „каменуваната канцеларијата на Хелсиншкиот Комитет“, во билтенот на МВР не се достапни никакви други информации, ниту за други случаи на насилство мотивирано од омраза, ниту за говор на омраза кон ЛГБТ лицата.

– Постојат многу докази кои упатуваат на сторителите, камери низ центарот на градот, камери од плоштадот, новинарски снимки и изјави, видео од нападот врз ЛГБТИ центарот за поддршка, сведоштва на полицајци кои директно беа жртви на насилство и беа спречени во извршувањето на нивните надлежности, коментари со закани и повици за насилство на социјалните мрежи.

– Поради ова, бараме најитно полицијата да постапи согласно законските овластувања и да ги идентификува сторителите на кривичните дела, и очекуваме јавно соопштение за текот на истрагата и исходот од истата, се вели во соопштението.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

Орце Костов

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Англиската црква се извини поради третманот на лицата од ЛГБТ заедницата: Длабоко ни е жал

А1он