Коалиција за Промени и Правда – Трет Блок (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП), до Државната изборна комисија, ги достави листите за кандидати за пратеници за 6-те изборни единици .
Во првата изборна единица носител на листата е претседателот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, во втората, претседателот на ФРОДЕМ Јове Кекеновски. Во третата изборна единица прва на листата е Весна Стоименовска од Демократски сојуз. Четвртата изборна единица ќе ја предводи Слободан Богоевски којшто е непартиски кандидат, петтата Александар Делов од ФРОДЕМ, а шестата Бранко Мајсторовски од Моро работничка партија.
На листите има кандидати за пратеници од различни професии, социјални структури, но и од повеќе етнички заедници.
Еден од носителите е жена, тоа е Весна Стоименовска, а на листите имаме вкупно 48 жени.
Сите, 120 кандидати сė чесни луѓе, способни и креативни кадри, кои доследно ќе се борат за конечно да се случат промени и правда во Република Македонија.
Во прилог ви ги доставуваме листите за пратеници за изборните единици 1,2,3,4,5 и 6.