Денес, Павле Трајанов, носител на кандидатската листа за пратеници од првата изборна единица разговараше со граѓаните од Драчево.
Во разговорите граѓаните посочија дека 25 години повеќето гласале за владејачката партија, но тие ништо не направија за подобрување на животот во оваа прекрасна населба, која и натаму е отсечена од Скопје. Лоша инфраструктура, нема инвестиции, нема фабрики и нема економски развој на Драчево. Како посебни проблеми граѓаните ги нагласија врзани со катастарот и градењето земјиште, се вели во соопштението на Коалиција за Промени и Правда.
Трајанов најави дека заедно со кандидатите за пратеници од Драчево, Жаклина Савевска и Марјан Трајковски, ќе се заложат за разрешување на проблемите и ќе направат се за Драчево да биде модерна населба но и посебна општина со услови за развој, изградба на училишта, градинки и др.
„Сметаме дека имаме знаење и искуство да обезбедиме најниска плата од 300 евра, минимална пензија од 200 евра и социјална помош од 100 евра”, посочи Павле Трајанов.
За да остварите право пред суд треба да имате вреќа полна со пари, таксите се огромни, но тоа ќе го смениме и таксата ќе изнесува само 100 денари.
Секој што стекнал капитал на криминален начин, ќе го врати на народот и нема да може да биде функционер најмалку 10 години.
Тие што ги кршеа законите и сееја страв, ќе ја добијат заслужената казна.
Народот не се плаши и режимот ќе падне, соопштуваат од Коалиција за Промени и Правда.
На средбата со граѓаните беа и кандидатите за пратеници, како и носителите на листи Јове Кекеновски (2), Слободан Богоевски (4) и Весна Стоименовска (3).
На средбата присуствуваа голем број на граѓани, кои искажаа поддршка на Коалицијата и нагласија дека се за промени и правда.