„Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА ја осудува бруталната интервенција на полицијата над публиката на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК Куманово и МЗТ, во Куманово, и бара да се вклучи Јавниот обвинител во утврдување на одговорноста на тие што наредиле употреба на сила.
Ваквиот начин на интервенција и манифестирање на бруталност, нема да придонесе кон создавање на атмосфера на спортско навивање и коректен однос на публиката кон полицијата.
Ги повикуваме навивачите на спортско навивање, а организаторите на натпреварите да направат се што е неопходно за безбедноста на спортистите и публиката“, се вели во соопштението на Коалицијата за ПРОМЕНИ И ПРАВДА.